Вулвс избори реванш со Ливерпул по катастрофалната партија на Алисон

Екипата на Ливерпул не успеа да победи на домашен терен против Вулверхемптон (2-2) и така ќе мора да игра реванш во англискиот ФА Куп во рамки на 1/32-финалето.

Натпреварот го одбележа катастрофалната партија на голманот Алисон кој даруваше голови на противникот. Истовремено, Ливерпул мора да е среќен затоа што игра реванш, поради спорната одлука на ВАР-собата при третиот постигнат гол на Вулверхемптон во второто полувреме кој беше поништен поради офсајд.

Резултатот се отвори во 26. минута кога Алисон го проигра Гуедеш, а тој погоди за предност на гостинот на „Енфилд“.

Пред финишот на првиот дел, Нуњез донесе изедначување (1-1), а Салах потоа во вториот дел направи пресврт.

Вулверхемптон не се предаде, во 67. минута преку Хванг, пак по лоша реакција на Алисон, изедначи на 2-2. Во 82. минута следеше и пресврт со гол на Тоти, ама ВАР го поништи голот поради офсајд и предизвика лавина реакции.

Реваншот ќе се игра на теренот на Вулверхемптон.

Треба да знаете
Последни објави