Монца во 93. минута му откина два бода на Интер

По големата победа над Наполи, Интер направи голем кикс откако одигра 2-2 на гостувањето кај Монца.

Натпреварот почна одлично за Интер, по само 10 минути игра Дармијан искористи едно невнимание на одбраната на Монца и погоди за водство од 1-0.

Но веќе во следната минута Монца успеа да израмни со погодок на Чуриа.

Во 22. минута се случи огромен, несфатлив кикс на Пабло Мари, Лаутаро Мартинез му ја зема топката и постигна лесен гол за водство на Интер од 2-1.

Тој резултат беше актуелен се до 93. минута кога Дамфрис си постигна автогол за конечни 2-2. Домаќините имаа шанса и за комплетен пресврт, но не реализираа две шанси во самата завршница.

Треба да знаете
Последни објави