Новак преку Медведев во финалето на Аделаида

Новак Ѓоковиќ и Себастијан Корда ќе се сретнат во финалето на АТП турнирот во Аделаида и ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона.

Поранешниот светски рекет број 1, Ѓоковиќ во меч што траеше 1 час и 24 минути во два сета со 6:3 и 6:4 успеа да го совлада третиот фаворит на турнирот Данил Медведев.

Српскиот тенисер во еден момент се пожали на повреда, но сепак го продолжи мечот и на крајот успеа да слави и да се избори за шанса да го освои првиот трофеј во новата сезона.

Противник во финалето ќе му биде Американецот, Себастијан Корда кој место во решавачкиот меч за титулата обезбеди откако Јошихито Нишиока го предаде дуелот во вториот сер.

Кај дамите во финалето ќе се сретнат Ирина Сабаленка и чешката сензација Линда Носкова.

Сабаленка со 6:3 и 6:2 триумфираше над Ирина Бегу додека 102-та тенисерка на светот Носкова беше поуспешна од првата фаворитка Онс Жабер совладувајќи ја со 6:3, 1:6 и 6:3.

Треба да знаете
Последни објави