По успешната борбечка кариера, Хабиб Нурмагомедов се фрли во тренерските води каде од настан во настан редеше само успеси. Не само во тренерската, туку е и главен човек на организација Eagle FC (Руска ММА промоторска компанија) , која е на многу добар пат. Но, вечерва на порталите за боречки вештини почна да се појавува вест дека Хабиб целосно ќе го напушти ММА.
Иако се пензионираше прилично млад и на врвот на кариерата, тоа во никој случај не беше крај на работата на Хабиб во ММА. Тој е еден од главните тренери на Ислам Махачев, со кого е од најраните денови, а пред два месеци го освоија појасот на УФЦ 280 настанот. Многу фанови се надеваа дека ова е само почеток на неговата тренерска приказна, но за жал можеби беше крајот.
Имено, неколку извори објавија дека Хабиб целосно ќе се дистанцира од светот на ММА, а причината е што сака повеќе да се посвети на семејството. Па така, според нив, Хабиб треба да престане да тренира и да си замине од Eagle FC, а освен на семејството да се посвети на друг бизнис кој нема врска со спортот.
Исто така, изворите објавија дека Хабиб моментално се обидува да го продаде Eagle FC, кој би се фокусирал повеќе на западниот пазар доколку се продаде, како и дека Хабиб нема намера да се проба во политиката.
Оваа информација се уште не е потврдена од самиот Хабиб, па секако дека се уште е можно да не се оствари.
Би било навистина штета за ММА заедницата да изгуби некој како Хабиб, особено во време кога тој почна да се профилира како врвен тренер.
????JUST IN????
Former #UFC lightweight champion Khabib Nurmagomedov is reportedly planning to completely leave MMA.
Nurmagomedov has, of course, thrown himself into coaching & Eagle FC since his retirement 2 years ago.
He is expected to focus on his family and businesses, pic.twitter.com/9b40lRUjNX
— Chisanga Malata (@Chisanga_Malata) January 7, 2023