Манчестер јунајтед ја продолжи победничката серија на седум натпревари во сите натпреварувања. Тимот на менаџерот Ерик тен Хег синоќа го победи Евертон со 3:1 во третото коло од ФА купот.
„Црвените шаволи” немаат пораз на официјалните натпревари од 10 ноември – тогаш започна нивната сегашна серија на победи.
Манчестер јунајтед оттогаш ги победи Астон вила (4:2), Фулам (2:1), Барнли (2:0), Нотингем форест (3:0), Вулвс (1:0), Бурнемаут (3:0) и Евертон.
Следниот натпревар тимот од „Олд трафорд” го игра на 10 јануари против Чарлтон во 1/4 финалето од англискиот Лига куп.
На 14 јануари Манчестер јунајтед треба да игра против Манчестер сити во Премиер лигата.