Синот на Бекам потпиша за премиерлигаш

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам оствари одлични резултати во текот на кариерата, а неговите синови никогаш не успеаа ниту да му се приближат, меѓутоа едниот од нив потпиша за премиерлигашот Брентфорд.

Ромео Бекам има само 20 години и ќе игра на позајмица во Брентфорд, откако го напушти вториот тим на Интер Мајами и среќата ќе си ја бара подалеку од клубот кој е во сопственост на татко му.

Младиот Бекам ќе се обиде да се наметне кај тренерот Томас Франк, кој одлично ја предводи екипата, па останува да видиме дали ќе успее во својата намера.

Треба да знаете
Последни објави