Елмас изнуди и реализира пенал за триумф на Наполи кај Сампдорија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас изнуди и реализираше пенал за Наполи на гостувањето во Џенова кај Сампдорија каде го освоија целиот пелен (0:2). За Елмас ова беше четврти погодок сезонава во италијанската фудбалска Серија А. Наполитанците со овој триумф експресно се вратија на победничкиот колосек по поразот во дербито со Интер пред четири дена.

Елмас доби шанса од тренерот Лучано Спалети од првата минута. Елмас ја завреи победата на осум минути пред крајот, откако во првиот дел Виктор Осимен донесе водство во 19-та минута, по нереализираниот пенал од Матео Политано во шестата минута.

Томас Ринкон во 39-та минута доби црвен картон и на Наполи уште повеќе му ја олесни работата, па Сампдорија немаше сила со фудбалер помалку да го направи повозбудлив мечот.

За Наполи ова е 14-та победа во 17-от меч и останува прв со 44 бода, седум пред Јувентус пред меѓусебното дерби кое следува, но Милан има шанса да се приближи на минус пет ако победи во вечерашната дерби пресметка со Рома.

Треба да знаете
Последни објави