Лацио во судиското продолжение остана без трите бода од пресметката со Емполи

Лацио останаа без очекуваните три бода од пресметката пред своите навивачи со Емполи во рамките од 17. коло во италијанската фудбалска Серија А. Лацио и Емполи ремизираа (2:2) иако римскиот калчолигаш имаше предност од два гола со погодоците на Фелипе Андерсон во втората и Матија Закањи во 54 минута.

Гостите во 83 минута преку Франческо Капуто го намалија резултатот, а бод им донесе Разван Марин во четвртата минута од судиското надополнување.

Лацио по овој меч се најде на петтата позиција со 31 бод, додека Емполи по седмото реми сезонава е на 13. место со 19 бодови, колку што имаат и Болоња и Лече на 11-то, односно 12 место.

Во денешните два попладневни мечеви од ова коло завршија без победник. Салернитана и Торино 1:1, а Специја – Лече 0:0.

Треба да знаете
Последни објави