Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити по третпат го совлада Челзи сезонава, овојпат во рамките на ФА купот и тоа убедливо со 4:0.
„Граѓаните“ за само 15 минути игра во првото полувреме постигнаа три голови преку Марез, Алварез и Фоден. Конечниот резултат го постави Марез со својот втор гол на средбата кога реализира пенал во 85 минута.
Големо изненадување приреди четвртолигашот Стевениџ кој како гостин со 1:2 ја елиминираше Астон вила.
Во следната фаза се пласираа уште Дерби, Стоук, Блекбурн и Валсал, а ќе играат нови мечеви Бристол сити – Свонси и Кардиф – Лидс.