МЗТ Скопје и пружи отпор на Црвена звезда едно полувреме

Кошаркарите на македонскиот претставник во регионалната АБА-лига,  МЗТ Скопје очекувано е поразен на домашен терен од лидерот Црвена звезда (57:80), во натпреаврот од 14. коло. „Црвено-белите“ ја оправдаа фаворитската улога иако домаќинот во првото полувреме пружи достоен отпор. Гостите неколку пати резултатски се одлепува, но „сино-белите“ со тројки ја враќаа резултатската неизвесност, и на одмор заминаа сампо со три поени разлика (33:36).

На стартот од второто полувреме гостинот од Белград предводени од новакот во своите редови Факундо Кампацо направија серија од 14:3 и најавија каков ќе биде епилогот на крајот. Пред крајот на третиот период Ц. звезда стаса и до предност од 20 поени (61:41). Последниот период донесе само рутинско завршница.

Војдан Стојановски со 13 поени (три тројки) и четири скока заедно со Дастин Вер со 16 поени и пет асистенции беа убедливо најдобри кај МЗТ Скопје, додека Мајк Кафи застана на девет поени. Кампацо одигра маестрално и средбата ја заврши со 23 поени, седум скока и девет асистенции.

Македонскиот шампион останува последен на табелата во АБА-лигата со скор 2-12.

Треба да знаете
Последни објави