Кошаркарите на МЗТ Скопје немаа сили да приредат изнеандување во „Јане Сандански“ против лидерот во регионалното АБА натпореавруавње, белградска Црвена звезда (57:80). Скопјани останаа последнопласирани на табелата во АБА-лигата.
По мечот, новиот тренер на МЗТ Скопје, Драган Николиќ, најави засилувања за екипата да може да ја оствари целта опстанок во регионалното натпреварување.
-Честитки за Ц. звезда на заслужената победа, видовме каква сила се и колку се доминанти. Ние можеме да бидеме задоволни од првата, втората и четвртата четвртина, но во третата не постоевме, ама тука не се прашувавме ние. Пресуди квалитетот на ривалот, нема многу дискусија, одигравме колку што можеме. Првиот дел беше добар, но немавме сили за вториот. Продолжуваме понатаму, ги знаеме своите цели во АБА лигата. Нè очекува тешка серија мечеви, ама нема предавање до крај. Ќе има и измени во играчкиот кадар, ќе се засилиме со уште некој играч. Во МЗТ дојдов со најчесни намери, имам единствена желба, среќен сум што ми се даде таква можност. Ќе се обидам да извлечам максимум, иако нè очекува пеколен распоред против исклучително силни екипи. Мора да играме и да се бориме, очекувам да се врати насмевката на лицата кај луѓето во Аеродром, изјави Николиќ.