Барселона го освои Мадрид и се осамостои на врвот

Францускиот фудбалски репрезентативец Осман Дембеле во отсуство на казнетиот Роберт Левандовски ја предводеше Барселона до триумф во Мадрид и осамостојување на врвот во шпанската Ла Лига. Дембеле во 22-та минута го постигна победничкиот гол во дербито со Атлетико Мадрид кој Барселона го доби со 1:0.

Примениот гол ги разбуди фудбалерите на Атлетико, кои го диктираа ритамот, создаваа прилики но не ја погодија мрежата на Барселона. Гризман имаше опасен удар пред крајот на првото полувреме, но Тер Штеген успеа да го запре, Атлетико продолжи со нападите и во вториот дел, но не успеа да го најдат патот до мрежата.

Најубавата шанса во 94. минута повторно ја имаше Гризман, кој од пет метри имаше лесна задача да ја смести топката во мрежата, но го погоди Араухо на самата гол-линија.

Тензиите кулминираа во судиското продолжение, кога Феран Торес и Стефан Савиќ тргнаа и во физичка пресметка по еден дуел за топката, по што двајцата добија црвен картон.

Барселона со оваа победа, 13-та од 16 досегашни мечеви се осамна сама на првото место и му избега на својот најголем ривал Реал на три бода (41-38), откако „кралскиот клуб“ вчера загуби на гостувањето кај Вилјареал со 1:2.

За Атлетико ова беше петти пораз сезонава и со 27 бода сега се петопласирани, еден зад четвртиот Бетис, а пет зад третиот Реал Сосиедад.

Треба да знаете
Последни објави