Јапонската тенисерка Наоми Осака се повлече од настап на претстојниот Австралија опен, потврдија денеска организаторите на првиот годинешен грен – слем турнир.
„Ќе ни недостасува на Австралија опен 2023″, наведоа организаторите на грен – слем турнирот во Мелбурн во кратка порака на Твитер.
Причините поради кои двократната освојувачка на Австралија опен, засега, не се познати
Местото на 25-годишната Јапонка, во главната жрепка на Австралија опен, ќе го заземе украинската тенисерка Дајана Јастеремска.
Австралија опен почнува на 16 јануари.