Првиот од четирите годинашни гренд-слем тениски турнири, Австралија Опен во новото издание ќе остане посиромашно за уште една тениска ѕвезда. Од настапот во Мелбурн се откажа Наоми Осака. Двократната шампионка од Австралија од 2019 и од 2021 година објави дека нема да биде дел од овој турнир поради повредата во пределот на абдоменот.
Јапонската тенисерка веќе подолго време се мачи со повреди и со депресија, а својот последен меч на турнирите го одигра во септември минатата година.
Осака неколку месеци не настапува, најави враќање на тениските терени во Мелбурн, но денеска соопшти дека ќе го прескокне Австралија Опен.
Местото на Осака на овој турнир ќе го заземе украинската тенисерка Дајана Јастремска. За потсетување, вчера своето учство на Австралија Опен го откажа и Венус Вилијамс, додека кај мажите поради повреда ќе недостига првиот носител Карлос Алкараз.