Жоао Феликс доаѓа во Челси на позајмица до крajот на сезоната

Атлетико Мадрид и Челси успеаја да постигнат договор за португалскиот интернационалец Жоао Феликс. Тој во текот на утрешниот ден треба да замине во Лондон и да потпише согласност за да се пресели на „Стемфорд бриџ“ до крајот на сезоната.

Челси понудил 10 милиони евра за позајмица, а Атлетико Мадрид се согласил, но без клаузула за откуп на договорот.

Арсенал и Манчестер Јунајтед исто така беа во обид да го го доведат Жоао Феликс, но се откажаа откако Атлетико Мадрид побара 15 милиони евра за наредните шест месеци.

Треба да знаете
Последни објави