Тенисерите и тенисерките кои ќе настапат на годинешниот Австралија опен нема да мораат да се тестираат на ковид-19 и ќе можат да играат дури и ако се заразени со вирусот, објави денеска директорот на првиот календарски грен – слем Крег Тајли.
Првиот човек на Австралија опен истакна дека оваа година здравствената состојба битно се променила и вакцинирањето против коронавирусот веќе не е услов за настап на грен-слем турнирот во Мелбурн.
Австралија опен е на програмата од 16 до 29 овој месец.
Турнирот во Мелбурн лани се одигра под строги антиковид мерки, а организаторите му забранија настап на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.