Атлетико Мадрид и Челси успеаја да постигнат договор за португалскиот интернационалец Жоао Феликс. Тој во текот на утрешниот ден треба да замине во Лондон и да потпише согласност за да се пресели на „Стемфорд бриџ“ до крајот на сезоната.
Челси понудил 10 милиони евра за позајмица, а Атлетико Мадрид се согласил, но без клаузула за откуп на договорот.
Арсенал и Манчестер Јунајтед исто така беа во обид да го го доведат Жоао Феликс, но се откажаа откако Атлетико Мадрид побара 15 милиони евра за наредните шест месеци.