Бред Пит планира да го напушти Холивуд на некое време.
59-годишниот Бред останува едно од најголемите имиња во филмската индустрија – но тој наводно планира да направи чекор назад од Холивуд откако продаде 60 отсто од акциите во продукциската куќа што ја основа со својата поранешна сопруга Џенифер Анистон.
Извор за „Пејџ сикс“ на весникот „Њујорк пост“, изјави: „Бред сака да живее мирен живот понатаму и сака да види како изгледа полу-пензија.“
Филмската ѕвезда ги продаде 60 отсто од акциите во својата продукциска куќа на француски медиумски конгломерат. Сепак, тој има намера да продолжи да глуми.
Втор извор изјави за публикацијата: „Тој најверојатно ќе продолжи да глуми.“