Тоти под истрага поради перење пари 

 Поранешниот фудбалер на Рома и италијански репрезентативец Франческо Тоти се наоѓа под истрага поради перење пари и сомнителни трансакции, пренесува шпанскиот весник „Мундо депортиво”. 

Станува збор за разработена операција која вклучува повеќе физички лица и синџири на казина, а во фокусот на истражните органи е спорна трансакција во вид на позајмица од 80.000 евра исплатени на пензионерка во градот Анцио. 

Весникот, меѓутоа, наведува дека станува збор за повеќе сомнителни трансакции кои достигнуваат милионски износи меѓу Тоти и негов пријател, а кои можат да се поврзат со операции во казина во Лас Вегас, Монте Карло и Лондон. 

Тоти целата своја фудбалска кариера ја мина во дресот на Рома за која од 1993 до 2017 година одигра 619 натпревари и постигна 250 голови. 

Легендарниот фудбалер за Италија настапи на 58 натпревари и со Азурите ја освои светската титула во 2006 година. 

Треба да знаете
Последни објави