Принцот Хари возврати на тврдењата дека британската јавност сака тој да замолчи, навестувајќи дека не планира да престане да ја споделува својата страна на приказната.
„Има многу луѓе во Британија кои ве поддржуваат, има многу луѓе во Британија кои се лути на вас и посакуваат да замолчите и да престанете да зборувате за тоа,“ рече Том Бредби од Ај-ти-ви во ексклузивно интервју со војводата од Сасекс.
Како одговор, принцот Хари праша: „Да престанам да зборувам за што?“
„Прашањата што ги покренавте во текот на ова интервју, не зборувавте за вашето семејство, не зборувавте за печатот, за многу други работи… и мислам дека има луѓе кои слушаат и си велат: троши многу време гледајќи назад, а не гледајќи напред,“ му рече Том на Хари. Водителот нагласи дека војводата сакал да го напушти кралското семејство и да започне нов живот.
„Постои опасност дека премногу гледате наназад“, продолжи новинарот. „Дали се грижите за себе поради тоа?
Во одговорот, принцот Хари нагласи дека изнесувањето на неговата верзија на настаните било клучно, и дека очекува реакција од јавноста за тоа.
„Јас и Меган отсекогаш знаевме дека овие два проекта, и документарниот филм за „Нетфликс“ и книгата – едниот е нашата приказна, вториот е главно мојата приказна – се проекти за поглед наназад“, објасни Хари.
„Тие беа неопходни, тие беа од суштинско значење за историските факти,“ продолжи војводата. „Не сакам моите деца или другите луѓе на таа возраст да растат мислејќи: леле, ова се случило… не, ова не се случило…“
„Ова што го кажувам навистина се случи.“
„Секоја приказна има две страни. Тоа беше болен процес, понекогаш катарзичен, но враќањето на минатото за да може да се направат овие проекти како што треба, одзеде многу енергија. И сега има големо олеснување кога двата проекти се завршени, а сега можеме да се фокусираме на гледање напред и возбуден сум поради тоа.“