Шпанскиот Реал Мадрид се искачи на првото место во кошаркарската Евролига со скор 12-6, откако вечева го совлада во Белград тимот на Црвена звезда 79:59 (25:16, 13:18, 19:17, 22:8).
Српскиот шампион, и покрај отсуството на повеќе клучни кошаркари, имаше водство во средината на третата четвртина, но не успеа да направи изненадување, откако Реал доминираше во финишот на мечот, правејќи серија 22:2 со која го „скрши“ домашниот тим. Звезда сега има 9-9 скор во европската елита. Звезда не можеше да смета на поранешниот член на „кралевитее“, Факундо Кампацо, а исто така беа отсустни и Лука Вилдоса и Никола Ивановиќ
Валтер Таварес беше нерешлива енигма за Звезда, со 17 поени и 12 скока, а одличен беше и Џанан Муса со 19 поени и 6 скока.