Себастиен Але фудбалскиот интерационалец од Брегот на Слоновата Коска, влезе во игра во 74. минута на пријателскиот меч за Борусија Дортмунд против Фортуна Диселдорф. Ова му беше прв настап за „милионерите“ по шест месеци пауза откако му беше дијагностициран рак на тестисите.
Але направи трансфер од Ајакс во Борусија во јули, откако бундеслигашот плати 35 милиони евра по неговата одлична сезона во Холандија, меѓутоа откако му се слоши на тренинг, медицинските тестови покажаа дека тој има тумор во тестисите. По ова тој беше на четири тури хемотерапија и на две операции, пред да го направи овој фантастичен камбек.
????????????pic.twitter.com/WrTSzL50Py
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) January 10, 2023