Со само пет шута Јокиќ направи нов трипл-дабл во триумфот над Лејкерс

Денвер со 122-109 го победи Лејкерс, Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл иако Србинот шутна само пет пати од игра, гостите играа без своите најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Денвер водеше во текот на целиот меч, победата во ниту еден момент не им беше загрозена, на крајот триумфираа лесно со 13 поени разлика. Никола Јокиќ даде голем допринос иако шутна само пет пати и погоди во сите обиди. Тој го запиша својот 87. трипл-дабл во кариерата, постигна 14 поени, имаше 11 скокови и 16 асистенции.
Двократниот МВП на НБА стана само третиот кошаркар во историјата кој успеал да оствари трипл-дабл без да промаши од поле.
Тоа го направи за првпат на 20 октомври 2018 година, кога против Феникс постигна 35 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Останатите двајца кошаркари кои успеаја да го направат се Вилт Чембрлен и Дрејмонд Грин. Чембрлен во неколку наврати во кариерата имаше „перфектен“ трипл-дабл, а неговите бројки како и секогаш во кариерата беа фантастични. На натпреварот помеѓу Филаделфија и Балтимор булетс во 1967 година, тој постигна 42 поени со 30 скока и 10 асистенции без промашување.

Најефикасен во составот на Денвер беше Мареј кој постигна 34 поени, во отсуство на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, Расел Вестбрук беше најдобриот поентер кај Лејкерс, реализираше 25 поени.

Резултати:
Вашингтон – Њу Орлеанс 112:132
Бостон – Чикаго 107:99
Њујорк – Милвоки 107:111
Мемфис – Сан Антонио 121:113
Денвер – ЛА Лејкерс 122:109
Сакраменто – Орландо 136:111

Треба да знаете
Последни објави