Аријан Адеми и во иднина ќе го носи дресот на Македонија. Капитенот на Динамо Загреб ова го потврди во интервјуто за „Германијак“.
Аријан Адеми последниот натпревар за репрезентацијата го одигра во март минатата година, кога во финалето на плејофот за Светското првенство, по сензационалната победа над Италија (1:0), Македонија загуби од Португалија и остана без пласман на Мундијалот во Катар.
Потоа, повредите го оддалечија од националниот тим. Во тој период се засилија шпекулациите дека тој повеќе нема да игра за Македонија, иако официјално не се збогуваше со националниот тим.
Сепак, капитенот на Динамо за „Германијак“ ги отстрани сите шпекулации и најави враќање во дресот на Македонија.
„Одлучив да продолжам да играм за репрезентацијата. Имам желба, сакам и можам. Зборував и со селекторот, тој сака да бидам таму и ќе бидам”, ни изјави Адеми, а потоа додаде.
„Тешко ми е да се збогувам, бидејќи соиграчите во репрезентацијата се одлична, играме за нашата земја, се пласиравме на последното Европско првенство и сакаме да го повториме тоа. Иако сме во многу тешка група. ”
Македонија за пласман на ЕП ќе се бори со Италија, Англија, Украина и Малта.
„Свесни сме дека нема да биде лесно, но веќе ја победивме Германија, па и Италија, од никого не се плашиме. Знам дека Италијанците ќе бидат особено мотивирани против нас, бидејќи ги исфрливме од Светското првенство, но и ние ќе бидеме мотивирани, веруваме дека можеме да оствариме уште една голема победа“, заврши Адеми и ги отстрани сите дилеми околу репрезентативниот статус.