Ал-Наср по Роналдо сака да го ангажира Бускетс

Саудискиот клуб Ал-Наср сака да го ангажира Серхио Бускетс и е подготвен да му понуди на Шпанецот плата од 13 милиони евра годишно, објави „ESPN”.

Интерес за Бускетс покажува и Интер Мајами, со кој играчот преговара веќе неколку месеци. Фудбалерот од средниот ред се уште не постигнал целосен договор со клубот од МЛС.

Ал-Наср сака да продолжи да се засилува со светски фудбалски ѕвезди, откако успеа да го донесе во своите редови Кристијано Роналдо.

Исто така, саудискиот клуб е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челзи, Нголо Канте, чиј договор исто така истекува на лето.

Извори за „ESPN” изјавија дека Бускетс размислувал да ја напушти Барселона оваа зима, но го убедиле да остане во клубот до лето. Каталонскиот клуб не се откажува од идејата да му понуди нов договор на Серхи, бидејќи потрагата по замена за Бускетс е тешка поради финансиски проблеми. Се разговараше дури и за прашањето за продолжување на соработката за шест месеци, до јануари 2024 година.

Оваа сезона, 34-годишниот дефанзивец забележа 19 настапи за Барселона во сите натпреварувања и оствари една асистенција. 

Треба да знаете
Последни објави