Валенсија ја разгледува опцијата во тимот да го врати македонскиот кошаркар Ненад Димитриевиќ. Ова информација ја објави шпанскиот новинар Жерар Соле.
Учесникот во Евролигата може да го врати Димитриевиќ, бидејќи во моментов има сериозни проблеми со организацијата на играта.
Дваесет и четиригодишниот Димитриевиќ игра за УНИКС на позајмица.
Македонецот во натпреварите од ВТБ лигата има просек од 11,8 поени и 6,3 асистенции по натпревар.