Еминем одбил 8 милиони долари за настап на Мундијалот во Катар

Американскиот рапер Еминем одбил 8 милиони американски долари за да настапи на Светското првенство во фудбал во Катар минатата година.

Ова го тврди раперот Фифти Сент, кој откри дека имало понуда од 9 милиони долари за него и за Еминем, со кого настапуваше заедно на минатогодишното полувреме на Супербоул.

Тој би зел 1 милион долари, а преостанатите 8 милиони долари би завршиле кај хитмејкерот Еминем (Sing for the Moment).

„Поради нашето учество на полувремето на ‘Супербоул’, добив понуда за Светското првенство. Од таму рекоа дека имаат буџет од 9 милиони долари. „Јас ќе земев еден, а другите осум ќе беа за него“.

Фифти Сент, чие вистинско име е Кертис Џексон Трети, се обидел да преговара со менаџерскиот тим на Еминем, но пејачот не сакал да настапи.

Говорејќи во емисијата Big Boy’s Neighborhood на радиостаницата „Риал 92.3“, Фифти Сент додаде: „Тие рекоа дека пејачот нема да го направи тоа“.

Првенството се соочи со контроверзии поради тоа што се одржа во Катар, кој беше предмет на меѓународна осуда поради човековите права, вклучително и криминализација на хомосексуалноста.

Роби Вилијамс прифати да пее во Катар во текот на првенството со настап во „Доха голф клуб“. Тој ја бранеше својата одлука со објаснување дека би било лицемерно да не пее во земјата домаќин.

Треба да знаете
Последни објави