Јапонската тенисерка Наоми Осака денеска ја образложи причината поради која во неделата навести дека нема да настапи на претстојниот Австралија опен, објавувајќи преку социјалните мрежи дека е бремена.
Јапонската 25-годишна тенисерка постираше на Твитер слика од бебе на ултразвук со порака „Едвај чекам да се вратам на теренот, но еве малку новости за 2023″.
„Една од работите на кои се радувам е моето дете да гледа еден од моите натпревари и да му каже на некого: Ова е мојата мајка”, додаде во објавата Осака.
Поранешната најдобра светска тенисерка нема настап на официјален натпревар од септември лани, а во кариерата два пати триумфираше на Австралија опен, во 2019 и 2021 година.