Меси преговара за нов договор со ПСЖ

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси преговара со раководството на францускиот првак Пари Сен Жермен за продолжување на соработката до јуни 2024 година, со опција и за уште една дополнителна година. Ова го потврди и тренерот Кристоф Галтие истакнувајќи дека Меси е среќен со престојот во Париз.

„Клупските челници преговараат со него, но јас не знам повеќе од тоа. Знам само дека е среќен во Париз“, изјави Галтие.

ПСЖ најверојатно ќе се обиде да го продаде Бразилецот Нејмар.

Треба да знаете
Последни објави