Николас Кејџ го открива потенцијалниот заплет на „Без лице 2“

Во 2019 година, „Парамаунт“ навести нов филм Face/Off 2 („Без лице 2“).

И додека две години подоцна беше откриено дека филмот ќе биде директно продолжение на акциониот трилер, а не римејк, актерот Николас Кејџ не изрази интерес за новиот филм сè до 2022 година.

Сега, по уште една долга година молк, конечно имаме идеја за тоа каков може да биде заплетот на Face/Off 2, сето тоа благодарение на Кејџ.

Во интервју за „Колидер“, актерот сподели неколку детали за продолжението, вклучително и веројатноста режисерот Адам Вингард („Гоџила против Конг“) да застане на кормилото.

Актерот, исто така, го сподели потенцијалниот заплет на филмот кој се фокусира на децата на ликовите што ги толкуваат Кејџ и Траволта.

„Мислам дека Face/Off е продолжение подложено на многу пресврти и непредвидливост. Тоа е речиси како да ја земете предвид идејата за потомство и Кастор и Шон да имаат деца и овие деца да пораснат, тогаш станува како тридимензионален шах, а потоа не сме само двајцата, Џон Траволта и јас, ние четворица играме пинг-понг и одиме на различни нивоа, и станува уште покомплексно.

Оригиналниот акционен филм од 1997 година со Џон Траволта и Николас Кејџ во главните улоги го следи агентот на ФБИ, Шон Арчер, како оди под нож и го презема лицето на социопат убиец Кастор Трој за да спречи терористички напад.

Треба да знаете
Последни објави