Стивен Џерард селектор на Полска?

Англиската легенда Стивен Џерард би можел да биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска. Челниците на полскиот фудбал бараат нов кормилар за нционалниот тим откако Чеслав Михниевич не доби продолжување на договорот иако обезбеди пласман во нокаут фазата од Мундијалот.

Џерард е без ангажман од октомври кога доби отказ од Астон Вила, а доколку успее да ги усогласи финансиските барања со новите работодавци, може брзо да биде промовиран на новата функција.

Новата рунда преговори меѓу двете страни е закажана за следната седмица.

Пред клубот од Бирмингем беше тренер на шкотскиот Ренџерс и помладите селекции на Ливерпул.

Полските медиуми пренесуваат дека меѓу кандидатите за нов селектор се и Ненад Бјелица, Владимир Петковиќ и Ерве Ренар.

Треба да знаете
Последни објави