Тврдењата на принцот Хари го шокираат светот: Се родив само за да можам да му донирам органи на Вилијам

Британската, како и светската јавност, е преплавена со извадоци од мемоарите на принцот Хари, а неговите тврдења предизвикуваат општа бура откривајќи ја неговата нефилтрирана вистина за британското кралско семејство.

Во мемоарите јасно се гледа дека Хари како дете пораснал во сенката на својот постар брат, а самиот наслов на книгата – „Резерва“ – совршено најавува сè што се крие меѓу кориците.

Роден сум во случај нешто да му се случи на Вили, напиша војводата од Сасекс.

Тој го опиша својот живот како „мисија наменета да биде извор на одвлекување, забава и, во случај на потреба, обезбедување резервен дел, т.е. бубрег, трансфузија на крв или коскена срцевина“.

Хари истакна дека пораснал знаејќи дека, всушност, бил таму за да му донира орган на својот брат доколку е потребно. Тој објасни дека уште од рана возраст имал сосема јасна идеја дека е донесен на свет за секој случај да му се случи нешто на Вилијам и дека во текот на неговиот живот ова чувство само станувало посилно.

Тој го илустрирал ова признание со анегдота од својата 20-годишна возраст кога ја слушнал приказната за зборовите на Чарлс до принцезата Дијана на денот кога се родил Хари.

„Прекрасно! Веќе ми дадовте наследник и резерва. Ја завршив мојата работа“, наводно ѝ рекол Чарлс на својата сопруга, пренесе „Новости.рс“.

Треба да знаете
Последни објави