Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси доби понуда да ја продолжи кариерата во клубот Ал – Хилал од Саудиска Арабија за 900 милиони евра за тригодишен договор, објави денеска шпанскиот весник „Мундо депортиво”.
Меси (36) има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а наводно постигнал устен договор со челниците на францускиот шампион за продолжување на соработката за уште две години.
„Мунди депортиво” тврди дека претставници на Ал Хилал го контактирале таткото на аргентинскиот фудбалер, Хорхе Меси и понудиле рекордни 900 милиони евра за тригодишен договор.
„Меси на тој начин би имал поголема заработка од Кристијано Роналдо, кој неодамна потпиша договор со саудиски Ал Наср до јуни 2025 година. Роналдо и Меси би добиле нова шанса да играат еден против друг, како што тоа го правеа во шпанското првенство од 2009. до 2018 година”, пишува шпанскиот весник.