Колумбиската поп-ѕвезда, Шакира, во својата нова песна очигледно „удри“ по својот поранешен долгогодишен партнер Жерард Пике и неговата нова девојка Клара Кија Марти по разделбата во 2022 година.
Шакира во текот на минатото лето го потврди крајот на нивната врска од 11 години (во која имаа и две деца), по наводното неверство на поранешниот фудбалер на Барселона. По ова стана јасно дека Пике и пред крајот на врската со Шакира имал афера со Клара Кија Марти, девојка која работеше во неговата продукциска куќа „Космос“.
Во новата песна на Шакира има неколку удари за Пике – „Преголема сум за тебе; затоа си со некој како тебе“ , „смени Ферари за Твинго, Ролекс за Касио“, а исто така тука е и пораката „Волчица како мене не е за момци како тебе“, посочувајќи на нејзиниот хит „Волчица“ (She Wolf) од 2009 година.