Најдобриот фудбалер на последното светско првенство Лионел Меси може да му се придружи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.Според „Мундо Депортиво”, Ал-Хилал сака да го ангажира напаѓачот на ПСЖ и е подготвен да понуди плата од 300 милиони долари годишно.
Значителен дел од оваа сума ќе биде издвоен од државната каса.
Договорот на Аргентинецот со неговиот сегашен клуб е пресметан до крајот на оваа сезона. ПСЖ е во преговори за продолжување.
Да потсетиме дека претходно Кристијано Роналдо се пресели во Ал-Наср кој е главен ривал на Ал-Хилал во Саудиска Арабија.
Саудијците се надеваат дека потпишувањето на двајца играчи од оваа големина значително ќе го зголеми интересот за лигата, а тоа, пак, ќе ги зголеми шансите на земјата да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.