По Реал и Барса преку пенали до финале на Суперкупот

Шпанска Барселона закажа „ел класико“ во финалето за првиот годинешен трофеј во Суперкупот на Шпанија, откако на пенали како и најголемиот ривал Реал Мадрид успеаа да дојдат до пресметка за трофејот, после триумфот со 4-2 во рулетот (2-2 по 120 минути) против Бетис.

ВАР на Барса ѝ поништи два гола за офсајди, а Бетис двапати успеваше да се врати во мечот за да го донесе мечот во пенал-рулет, но таму Хуанми и Вилијам Карвалјо промашија од белата точка во третата и четвртата серија за Каталонците да дојдат до финален меч, откако Роберт Левандовски, Франк Кеси, Ансу Фати и Педри ги реализираа пеналите. Вилијан Жозе и Морон беа прецизни од белата точка за Бетис.

ВАР му поништи гол на Педри во 23-та, па Левандовски погоди за водство во 40-та, по што Набил Фекир даде гол за израмнување во 77-та. Левандовски вторпат погоди на девет минути пред крајот, но ВАР вторпат реагираше за офсајд и мечот влезе во дополнителен пола час, во кој Ансу Фати во 93-та донесе второ водство, а Морон израмни во 101-та.

Реал Мадрид вчера со 4-3 на пенали ја елиминира Валенсија после 1-1 по 120 минути игра.

Треба да знаете
Последни објави