Македонија убедливо поразена од Норвешка на стартот од Светското првенство

Македонската машка ракометна репрезентација на стартот од 28. Светско првенство кое се одржува во Шведска и Полска, претрпе убедлив пораз од Норвешка (39:27). Скандинавците беа и ја оправдаа улогата на фаворит. Македонија во првиот дел од првото полувреме добро се држеше. Израмни на 9:9, по што следуваше исаклучување на Мартин Серафимов, по на сцена стапи Норвешка и почна да ја зголемува предноста и на одмор се замина со 18:11.

По првиот дел беше јасно кој ќе победи, но прашање беше само со колкава разлика кој на крајот изнесуваше 12 голови разлика за Норвешка.

Томислав Јагуриновски се повреди во последните минути од првиот дуел.

На другиот натпревар од 1. коло во група, Холандија ја совлада Аргентина со 29:19.

Следниот натпревар Македонија го игра против Холандија в недела од 18:00 часот, додека во вторник ќе игра против Аргентина исто така од 18:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави