Афера во Германија: Медиумите се сомневаат во возраста на Мукоко

Јусуфа Мукоко е голем потенцијал на германскиот и светскиот фудбал, но во Германија актуелна е афера во која се спори неговата вистинска возраст.

Членот на Борусија Дортмунд официјално има 18 полни години, но германските медиуми ги пренесоа наводите на австриски медиум, според кој напаѓачот е четири години повозрасен.

Медиумот го базира тврдењето на извод од родените кој наводно го добил од Камерунец кој го има посвоено Мукоко, а според чии податоци, Јусуфа е 22-годишно момче.

Документот не може да биде објавен бидејќи менаџерскиот тим на Мукоко го блокирал ваквиот потег со судска одлука, што не значи дека во еден момент нема да и биде достапен на јавноста.

Аферата со Мукоко се активираше откако во Камерун се појави голема бројка на млади фудбалери со лажно прикажана возраст, поради што истите добија суспензии. Напаѓачот на Борусија е роден во Камерун, а на 14 години се преселил во Германија каде е посвоен.

Треба да знаете
Последни објави