Во мај 2022 година, дресот што го носеше аргентинскиот фудбалер Диего Марадона на Светското првенство во 1986 година беше продаден за 9.3 милиони долари. Во септември истата година, за 10.1 милиони долари беше купен дрес со бројот 23 што го носеше кошаркарот на „Чикаго Булс“ кога последен пат ја освои шампионската титула во НБА во 1988 година.
Жолто-виолетовиот дрес со број 24 на Коби Брајант е понуден на продажба од сопственик кој сака да остане анонимен.
Брајант го носеше тој дрес на 25 натпревари во годината кога беше прогласен за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната (2007/2008), според аукциската куќа.
„Во текот на целата сезона тој го носеше дресот 25 пати и постигна 645 поени,“ изјави Брам Вахтер од Сотби. Дресот ќе биде изложен во Њујорк од 1 февруари, в рамки на големата онлајн аукција на предмети од светот на спортот што ќе се одржи од 2 до 9 февруари.