Мурињо: Италијанскиот Куп е најлош во Европа

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, го критикуваше системот на натпреварување во Купот на Италија, бидејќи според негово мислење не ги штити помалите клубови.

Реакцијата на Мурињо уследи откако Рома избори пласман во четвртфиналето во Купот на Италија, совладувајќи ја вчера Џенова со 1-0, и во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Наполи и Кремонезе.

„Би сакал Рома да го освои Купот на Италија. Еднаш успеав во тоа со друг клуб против Рома, а сега сакам да го повторам со мојот тим. Меѓутоа, мислам дека ова е најлошото куп натпреварување во Европа, бидејќи не ги штити помалите клубови, Купот на Италија воопшто не е шоу. На пример, Торино на гостински терен го победи Милан, а потоа и следниот натпревар мора да го игра како гостин”, рече Мурињо.

Португалскиот стратег има трофеј во Купот на Италија со екипата на Интер во сезоната 2009/2010.

Треба да знаете
Последни објави