Наполи во дербито на италијанската фудбалска Серија А го растури Јувентус (5:1). Лидерот во калчолигашката конкуренција Наполи успеа да му даде пет гола на Јувентус, кој до овој натпревар во првенството имаше примено само седум гола.
Осименја почна голеадата по само 14 минути игра, а Кварташкелија на пет минути пред крајот на првиот дел зголеми на 2:0. Гол за надеж на Јувентус постигнаАнхел Ди Марија во 42. минута.
Наполи продолжи да игра ефикасно и во второто полувреме.Во 55. минута кога Рахмани зголеми на 3:1. Десет минути подоцна Осимен го постигна својот втор гол на натпреварот за 4:1, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во 72. минута стави печат за убедлив триумф – 5:1.За Елмас ова е петти гол во Серија А сезонава.
Со оваа победа Наполи на врвот на табелата има десет бода повеќе (47) од Јувентус и Милан со тоа што „росонерите“ имаат натпревар помалку.