Најквалитетната македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов го добија првиот предизвик на Светското првенство кое се одржува во Полска и Шведска.
Ѓорѓи и Славе ќе ја делат правдата на денешниот меч во „Малме Арена“ меѓу селекциите на Тунис и Бахреин. Истата се игра од 18 часот, а Македонија ќе има уште еден преставник на овој натпревар и тоа во името на Драган Начевски кој е делегат.
Овие се репрезентации кои се дел од групата Д во која пак вечерва од 20:30 часот ќе се соочат Данска и Белгија.