Селекторот на Норвешка: Македонија игра поинаку, очекувам израмнет натпревар

Машката репрезентација на Македонија ја делат два дена од првиот настап на Светското првенство во Полска и Шведска. Селекторот на еден од фаворитите за висок пласман и наш ривал, Норвешка, Јонас Виле, вели дека ако Македонија има свој ден, може да победи секого.

-Македонија и Холандија се репрезентации кои играат на високо ниво и ако имаат свои ден може да го победат секого. Аргентина можеби е послабо рангирана, но ние мора да играм најдобро што знаеме и да ги добиеме трите натпревари во групата. Ниеден од ривалеите не е толку слаб за да можеме да се наречеме фаворити за освојување на групата, изјави селекторот на Норвешка, Јонас Виле.

Треба да знаете
Последни објави