Потер засега не треба да стравува од отпуштање

Раководството на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи му верува на тренерот Греам Потер и покрај слабите резултати. Тренерот ја задржал поддршката од сопствениците на клубот, особено од Тод Боули.

Според „Телеграф”, за иднината на Потер не се ни разговарало по поразот од Фулам вчера во заостанат натпревар од 7. коло.

На последните осум официјални натпревари „сините” од Лондон претрпеа шест порази, еднаш ремизираа и извојуваа само една победа.

По 18 натпревари во Англиското фудбалско првенство, Челзи се наоѓа на 10. место со 25 бода. з

Треба да знаете
Последни објави