Јавната кавга меѓу Жерар Пике и неговата поранешна сопруга, колумбиската пејачка Шакира, вечерва доби друга димензија бидејќи поранешниот фудбалер реши да одговори на провокациите кои ги доби вчера во новата песна на бившата.
Жерар Пике и Шакира веќе извесно време се караат на социјалните мрежи и не се штедат еден со друг кога се во прашање остри зборови.
Шакира вчера ги повика бившиот и неговата нова девојка. Таа се спореди себеси и неа како Ролекс и Касио.
„Чекорот е помеѓу љубовта и омразата. Ти посакувам се најдобро со мојата замена. Не знам што се случи, но ти го замени Ферари со Твинго, Ролекс со Касио“, изјави Шакира.
Пике одлучи да возврати вечерва. Во една емисија тој се појави со часовник Касио и објави дека оваа компанија сега е спонзор на неговата мини фудбалска лига.
Тој мавташе со часовникот во емисијата, а потоа зборуваше за спонзорството и ги пофали часовниците Касио.
„Постигнавме договор со Касио. Тие ќе ја спонзорираат нашата лига. Касио е врвен часовник и трае вечно“, брутално и одговори Пике на поранешната сопруга.
По ова, поранешниот играч на Барселона најави дека сите претставници на неговата ‘Кралска лига’ ќе добијат часовник од овој производител.