Поранешен фудбалер на Железничар во кома- претепан и застрелан во глава

Поранешниот фудбалер на Железничар и на Вележ, Алмир Рашчиќ, се наоѓа во кома откако бил претепан и застрелан, пишуваат босанските медиуми.

Синоќа околу 22 часот во Горажде, Босна и Херцеговина, засега непознати напаѓачи, го претепале и му пукале во глава на Алмир Рашиќ. Настанот се случил пред неговиот домот.

Напаѓачите го претепале со палки, а потоа му било пукано и во глава. Тој веднаш бил пренесен во болница во Сараево каде е опериран и се наоѓа во коматозна состојба, се уште се бори за живот.

Босанската полиција трага по напаѓачите.

Треба да знаете
Последни објави