Шакира урива рекорди со песната за Пике- 63 милиони прегледи за еден ден

Шакира во четвртокот објави песна за поранешниот сопруг Жерар Пике, која го собори рекордот за само два дена. Песната во која зборува за измамата на Пике за два дена собра над 86 милиони прегледи на Јутјуб и собори важен рекорд.

Новата песна на Шакира беше преслушана 63 милиони пати во само еден ден, со што го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на Јутјуб во тој период.

Со оваа песна Шакира се најде на листата на најслушани латиноамерикански артисти кои исто така соборија рекорди на Јутјуб, како Џеј Балвин, Луис Фонси и Деди Јенки.

„Ме остави како сосетка на мојата свекрва, со новинари на врата и долг во трезорот. Мислеше дека ќе ме повредиш, но ме направи уште посилна. Жените не плачат, жените плаќаат“, е текстот на новата песна на Шакира упатена до Пике.

Со песната Шакира му испрати јасна порака на бившиот сопруг, кој наводно ја изневерувал со сегашната девојка Клара Чиа: „Бејби, ти посакувам се најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио…“

Да потсетиме, Пике реагираше на новата песна на Шакира на Твитер, а на неговата мајка ѝ се допадна песната во која пејачката го клевети нејзиниот син.

Треба да знаете
Последни објави