Британскиот принц Хари изјави дека во своите мемоари „Spare“ не открил се што се случило меѓу него и неговиот брат, принцот Вилијам и неговиот татко кралот Чарлс III, бидејќи тоа никогаш нема да му биде простено и истакна дека таму има материјал за повеќе една книга.
„Тоа можеше да бидат две книги, така да се каже“, рече Хари во интервју за британски Телеграф и додаде дека првиот нацрт на книгата, кој има околу 800 страници, е намален на нешто повеќе од 400, пренесува Ројтерс.
Тој рече дека споделил некои инциденти со неговиот писател во сенка Џ.Р. Моринџер, но дека немал намера тие да бидат објавени.