Кошаркарите на Сан Антонио и Голден Стејт одиграа синоќа натпревар од регуларниот дел од сезоната пред најголем број гледачи во историјата на НБА лигата, а гостинскиот тим забележа убедлив триумф од 144-113.
Дуелот во салата „Аламодом”, која беше седиште на Сан Антонио во периодот од 1993 до 2002 година го следеа 68.323 гледачи.
Со тоа е соборен рекордот од 1998 година, кога натпреварот меѓу Атланта и Чикаго во „Џорџија Дом” во Атланта го следеа 62.046 гледачи.
Џордан Пул со 25 поени го предводеше Голден Стејт до победата со која ја прекина серијата од три последователни порази.