(Видео) Арсенал победи, а навивач на Тотенхем го клоцна голманот на „топчиите“

Арсенал како гостин вечерва го совладаа градскиот ривал Тотенхем (2:0) во ангчлискат фудбалска премиерлигашка конкуренција и се зацврстија на врвот. Овој триумф на лидерот Арсенал го навлече бесот на домашните навивачи, што резултираше со грда завршница. Голманот на „топчиите“, Арон Рамсдејл, по крајот влезе во вербална пресметка со Ришарлисон, за потоа, кога сакаше да си го земе шишенцето со вода зад голот пред кој стоеше во второто полувреме да биде удрен со клоца во грбот од навивач на Тотенхем. Англискиот чувар на мрежата не се возбуди премногу поради нападот, најверојатно среќен што неговиот тим си замина со нови три бода, драгоцени во битката за шампионската титула во Премиер лигата.

-Ударот на навивачот беше срамен, но не беше пресилен, па јас го сфатив како дел од фудбалската игра. Ме повлекоа назад за да не направам некоја глупост, но не ни сакав да влезам во конфликт со напаѓачот. Чувството е лошо, но и покрај тоа радосен и среќен заминувам во соблекувалната, изјави Рамсдејл веднаш по инцидентот.

Арсенал со оваа победа се зацементира на врвот од табелата со дури осум бодови повеќе од второпласираниот Манчестер Сити.

Треба да знаете
Последни објави